Димитров до Захариева: Вашата политика е инвестиција во антагонизам, а не во пријателство

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

На прашањето упатено од бугарската пратеничка Екатерина Захариева за мерките што ги презема Северна Македонија за справување со случаите на дискриминација и говор на омраза против граѓаните што се изјаснуваат како Бугари, вицепремиерот Никола Димитров одговори дека во Македонија нема ниту еден единствен пријавен случај за дискриминација врз основа на бугарска националност.

-Оттука, тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања ви се дел од домашна политичка битка или се резултат на некаков меур во кој сте и навистина верувате дека се врши некаква дискриминација. Северна Македонија е мултиетничка држава и за разлика од други земји од регионот, кај нас малцинствата се апсолутно признати со гарантирано право на еднаквост и на самоопределување, кажа Димитров пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде што се обрати како специјален гостин на есенската сесија.

Што се однесува до говорот на омраза, тој одговорно тврди дека од страна на официјални државни претставници нема такви случаи.

-Се разбира дека осудуваме инциденти со говор на омраза, но треба да имате предвид дека кога на некој народ се обидувате да му ги оспорите јазикот и правото на самоопределување, очекувано е да има револт. Вашата политика е инвестиција во антагонизам, а не во пријателство, рече Димитров.

Слични содржини