Димитров добил вербални закани додека пазарел

од Nikola Popovski
175 прегледи

Екс-шефот на македонската дипломатија и претседател на невладината „Солуција“, Никола Димитров денеска информира дека лично бил нападнат со вербални закани од страна на лице кое што не го познава. Објави дека случајот го пријавил во полициска станица, со оглед дека, како што истакна, „кога критиката е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира“.

-Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар, стои меѓу другото во објавата на Димитров.

Поранешниот министер забележува дека секојдневно гледаме како извира омраза од партиите, од ботовите, од медиумите…Бара да се воспостави одговорност и ред, инаку, како што пишува, „сите ќе се удавиме во примитивизам“.

Слични содржини