Димитров: Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста

од Vladimir Zorba
845 прегледи

Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста. Сите злоупотреби и скандали, ама и сите ужаси и несреќи ќе се повторуваат сѐ додека нема одговорност, пишува на својот фејсбук профил Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и вицепремиер, во врска со случувањата на Онкологија.

„Нека бидат монструозните нечовечни наводи за криминал на сметка на животот и здравјето на пациентите на Онкологија точката на пресвртот. Нека покажат сите вклучени интегритет. Ајде конечно да расветлиме барем еден злочин до крајот. За да свртиме нова страница. Очајно ни треба луѓе нова страница.

Нема држава без закон што важи еднакво за сите. Ниту иднина“, додава тој.

Слични содржини