Димитров: Главната задача е да се фати возот за ЕУ

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Европската иднина на Македонија во фокусот на разговорите на македонскиот дипломат Никола Димитров и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини.  
– Најголемата патриотска должност на нашата генерација е да успееме да го фатиме возот за ЕУ и да обезбедиме европска иднина, стабилност и просперитет на македонските граѓани, истакна министерот Димитров.

За време на работната посета на Брисел  Димитров оствари средби покрај со заменик претседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини,и со  заменик претседателот на ЕК Франс Тимерманс, со еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт Тибор Наврачич, со генералниот директор за проширување Кристијан Даниелсон, како и со евро-пратениците Андреј Ковачев и Иво Вајгл.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров оствари средба и со шефот на кабинетот на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, Мартин Зелмаер и притоа имаше прилика накусо да поразговара и со претседателот на ЕК Јункер.

– Посетата беше во функција на промоција на реформските постигнувања и на новиот, европски пристап во добрососедските односи во светло на објавување на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ, во февруари 2018 година. Фокусот на разговорите беше ставен врз Стратегијата и очекувањата дека таа ќе ја потврди реалната и достижна европска перспектива за Република Македонија и земјите од Регионот, се вели во соопштението од МНР.

Соговорниците изразија задоволство од досегашните постигнувања на Владата и упатија охрабрувачки пораки за континуиран ангажман и зголемена видливост на резултатите од реформската агенда. Притоа, беше подвлечен заедничкиот интерес Република Македонија да  биде европски успех во 2018 година.

По митингот во Солун утре е Давос, а кои се кочничарите на решението за името?

Димитров денеска  ќе учествува на 48-годишниот состанок на ДАФ во Давос. Тој ќе биде дел од македонската
делегација предводена од премиерот Зоран Заев.