Димитров: Говорот на омраза е заканувачка порака за луѓето кои не се отворени и се плашат дека се геј и лезбејки

од Берта Китинска
306 прегледи

Зголемен е бројот на закани откако се објави настанот за организирање на викендот на гордоста како и  сега најавата за Скопје Прајд 2021, вели Славчо Димитров од „Маргини“ во гостувањето во Топ тема.

-Изминативе денови со објавата за одржување на Скопје Прајд 2021 говорот на омраза се  интезивира . Последните денови мојата колешка Ирена Цветковиќ  добива заканувачки пораки  и тоа се порака за кои ние секако како активисти се навикнавме,  а во времето  на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно имавме закани.Но за луѓето кои не се отворени кои се плашат за сопствената безбедност дека се геј, лезбејки говорот на омраза е лоша и заканувачка порака, вели Димитров

Слични содржини