Димитров: Граници ќе ни се отворат доколку се придржуваме кон мерките за заштита од Ковид-19

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на денешната прес конференција, истакна дека колку повеќе се придржуваме до мерките за заштита од Ковид-19 толку подобра ќе ни биде епидемиолошката слика и ќе ни бидат отворени сите граници.

„Разговарав со неколку земји членки од ЕУ во однос на оваа одлука и сите ме уверија дека таа е донесена врз основа на епидемиолошката слика во земјата.  Колку повеќе се придржуваме до мерките односно носиме маски и држиме дистанца, толку побргу ќе ни се подобри епидемиолошката слика и ќе бидат отворени сите граници “ , изјави Димитров.

Слични содржини