Димитров и Анѓушев во Велес: На 30 септември ја отклучуваме вратата кон подобра иднина

од desk2

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров вчера беа во посета на Велес каде што се сретнаа со граѓаните од градот и околината. Тие исто така имаа обраќања на граѓанска трибина пред велешкиот театар. Воедно одговараа и на прашања од присутните.

Министерот Димитров се осврна на фактот дека референдумот е надпартиски и е поголем од кариерите на сите политичари. Референдумот е прашање за европска иднина на Македонија.
„На 30 ти септември силно ќе светне ден. Народот зборува преку гласање и затоа народот го прашуваме. Бегање од референдум е бегање од гласот на народот. Наша е оваа држава. Ова е завет за нашата генерација и имаме задача и должност да ја завериме независноста на Македонија.” – рече Димитров.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од родниот Велес порача дека гласот За на 30 септември е глас за економски стабилна и просперитетна иднина.

„Бугарија која беше земја во развој на пониско економско ниво од Македонија го препозна моментот и влезе во Европска Унија пред нас. И додека таму растеа платите, растеше цената на метар квадратен, а ние што правевме – влеговме во политички превирања и дебати. Ние мора сега да ја искористиме шансата што ни се нуди, затоа што шансите не се повторуваат” – рече Анѓушев.

Тој порача граѓаните да излезат на гласање затоа што немаме млади за извоз, туку имаме млади кои ќе креираат производи за извоз./24 Vesti

Слични содржини