Ако денот се познава по утрото, ако едната страна прави отстапки, а другата страна си стои и не мрда, тогаш ова може само да води за жал, кон целосен пораз и целосна победа, изјави Никола Димитров во Топ тема, додавајќи дека од петте точки, една точка била краткото и долгото име, а таа точка сега не постои.
Димитров меѓу другото се осврна на Советот на Европа и сме, како што рече, договорна страна на Еворпската конвенција за човекови права и тоа што се прави таму, подвлече, во однос на пресудите пример што ги има изгубено Бугарија од сопствени граѓани, не може да биде дел од договорот не мешање во внатрешните работи.
– Мојот став, една од позициите за кои се залагав, градејќи ги државните позиции изминатите години кон Бугарија беше Стразбур не можеме да го поклопиме со немешање во внатрешни работи. Проблемот што овде посебно пречи, е двојниот аршин. И Бугарија има обврска да не се меша во внатрешните работи, не само околу малцинското прашање, нема повнатрешно прашање од прашањето на македонскиот јазик. Тоа е кршење на Договорот за пријателство, во тој дел. Или пак тврдењето во едно од документите за етнички инженеринг, тоа е навредливо и директно мешање во внатрешни работи, појаснуваше Димитров.