Димитров и Османи во посета на Брисел: На агендата средби со претставници на институциите во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и вицепремиерот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денес се во работна посета на Брисел, каде ќе се сретнат со шефот на дипломатијата на Португалија, Аугусто Сантош Силва, односно дипломатот на земјата претседавач со Европската унија.

Во рамки на оваа посета се предвидени средби со неколкумина претставниви на институциите на ЕУ, информираа утринава од прес службата на Владата на С.Македонија.

На маргините на заседанието Советот за надворешни работи на ЕУ, што се одржува денеска, планирани е Димитров и Османи да имаат билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.

Слични содржини