Димитров ќе учествува на Економскиот форум во Белград

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“

Вицепремиерот Димитров и претставниците на ЕУ, земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со односите ЕУ-Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум на кој Димитров учествуваше во мај годинава, како продолжение на дискусијата за политичка и економска соработка меѓу земјите во регионот и процесот на нивното интегрирање во Унијата.

Слични содржини