Димитров ќе учествува на „Отворен Балкан“ наместо Заев

од Берта Китинска
351 прегледи

Претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров наместо Зоран Заев ќе присуствува на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, што ќе се одржи на денес и утре во Белград.

Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција.

Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.

„Отворен Балкан“ е иницијатива за регионална соработка во која учествуваат Србија, Албанија и Северна Македонија, а покана за вклучување во истата има и до Косово, Босна и Херцеговина  и Црна Гора.

Потпишани се три документи – Меморандум за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан, Меморандум за разбирање за соработка за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан и Договор за соработка во случај на катастрофи.

Слични содржини