Димитров: Кралот на Шпанија веќе го потпишал Законот за ратификација на Пристапниот протокол

од Vladimir Zorba
167 прегледи

„Последно инфо од амбасадорот: Кралот на Шпанија Фелипе VI веќе го потпишал Законот за ратификација на Пристапниот протокол за нашето членство во НАТО!“, напиша министерот за внатрешни работи на РСМ, Никола Димитров на својот Фејсбук профил.

Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето се одвиваше телематски, без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

„Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Слични содржини