Димитров: Македонија не ја прифаќа општата историја

од Nikola Popovski
394 прегледи

Кога не сакаш да прифатиш основна формулација на самиот Договор за пријателство и добрососедство, односно дека има заедничка историја, тоа значи дека се сомневаш во примената на тој договор, изјави еден од претседавачите на Мешовитата историска комисија меѓу Бугарија и Македонија, проф. Ангел Димитров за БГНЕС.

-За да може договорот да се спроведува, мора да се преземат чекори во сите области на интеракција. Нашата комисија е само една од нив. За жал, како граѓанин го кажувам ова, а не како човек кој е директно вклучен во други области, дека нема напредок, додал Димитров.

Резултатите од денешната средба тој ги оцени со „нула“.

-Успеавме речиси да го комплетираме записникот од 12-та средба, која беше на почетокот на годината. Ова е исто така симболично. Резултатите се нула. Резултати нема, вели Димитров.

Според него, денешната средба ја одбележа она што се случило на 8 декември.

-Тогаш слушнавме дека свети Климент ја создал македонската духовност. Уште во 2018 година донесовме неколку препораки, меѓу кои и за Светите браќа Кирил и Методиј. Во нив се вели дека нивната работа се развивала во Бугарија. Истото важи и за делото на Свети Климент. Ова се дел од малкуте завршени преговори. Разговаравме и за цар Самуил и повторно разговорите не вродија со плод. Заглавени сме во X-XI век. Се плашам дека и следната година ќе биде тешко да постигнеме напредок, коментира проф. Димитров.

Тој информира дека за февруари 2022 година е закажана 17. седница на комисијата, а во текот на целата наредна година Мешовитата комисија ќе има вкупно 5 состаноци.

Слични содржини