Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров смета дека земјава и Европската Унија се заемно поврзани и оти успехот или неуспехот на едната е успех и ли неуспех на другата.
-Ние сме во ситуација на заеднички успех или заеднички неуспех. Македонскиот случај е најубедливиот, најдрастичниот тест за кредибилитетот на политиката на ЕУ кон регинот на Западен Балкан. Тоа го кажа и самата Комисија во пакетот за проширување во октомври, тоа го кажуваат и официјални претставници на Франција. Затоа ако успееме, успехот ќе биде и на ЕУ, ќе биде добар за регионот, ќе биде добар за Северна Македонија и за Бугарија. Неуспехот е исто така пораз и голем проблем за сите, вклучувајќи не и нас нашите комшии и самата ЕУ, рече Димитров за време на денешната седница на Советот за евроинтеграции, на која свое излагање имаше и францускиот амбасадор во земјава.