Димитров: Мицкоски е нечесен кон македонскиот народ

од Aleksandar Todeski
318 прегледи

Во надворешните работи, успешна година. На прагот сме на членство во НАТО. За прв пат беве на масата на најмоќниот сојуз во светот. Со ЕУ направивме многу пробиви, иамвме одличен извештај. Ваква оцена даде министерот за надворешни работи, Никола Димитров за 2019 година во емисијата Утрински брифинг.

„Мицкоски имаше една нечесна изјава, посебно кон Македонскиот народ, како да заборава дека Преспанскиот договор дозволува на секој Македонец од Северна Македонија да вели јас сум Македонец, говорам Македонски јазик, дури не ги обврзува граѓаните да си викаат Македонија, бидејќи ние сме Македонија со придавката Северна, за да бидеме различни од другите делови на историскиот регион Македонија. А сега тој вели дека ниеден договор нема него да го спречи. Па не го спречува. Кој вели дека е спречен. Практично одговара на прашање што не постои. Не е чесно Македонскиот народ да го буниме и на тие сензитивни прашања да го водиме кон илузија. И конечно, ќе ја добиевме ли поканата од НАТО, ќе го потпишевме ли пристапниот договор да не горешевме тој проблем. Мојата мисија не ми е завршена, деновите и месеците што ги живееме се исклучително важни и сметам дека е прашање дали доколку нашата генерација не ја извади Македонија на чистина, дали следната генерација ќе ја има таа шанса. Немаме луксуз да дигаме раце на ваква не завршена работа. Следната реална битка е борбата против криминалците и клиентелистите, вели Димитров.

Околу предлогот за технички министер за внатрешни работи, Димитров го пренесе ставот на дипломатите во Северна Македонија – се да се заврши во рамките на правниот систем, а таму највисок акт е Уставот.

Слични содржини