Димитров му се заблагодари на Шаленберг за помошта при репатријација на наши граѓани од Перу

од Берта Китинска
297 прегледи

Четворица македонски граѓани, кои беа затекнати како туристи во Лима, Перу, по телефонски разговор Никола Димитров – Александер Шаленберг, во организација на амбасадите на Северна Македонија во Виена и во Бразилија, а во соработка со австриските власти, денеска со чартер лет на Аустријан Ерлајнс слетаа во Виена.

-Во исклучително отежнати услови за репатријација особено за затекнатите граѓани на други континенти, упатуваме голема благодарност до министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, како и до австриското МНР, за солидарноста која е повеќе од потребна во овие моменти при заемното помагање помеѓу земјите, се наведува во соопштението на австриското МНР.

Водени од тие принципи и Министерството за надворешни работи на Република Серверна Македонија досега им излезе во пресрет на девет странски државјани: 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово, на летовите кои беа организирани за репатријација на македонски граѓани од Малта и Хрватска.

Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со надлежните власти на земјите од регионот и од земјите членки на ЕУ, правејќи напори за преземање на нашите граѓани од другите континенти со заеднички прекуокеански лет, како што беше и случајот со Австрија.

Слични содржини