Денес и во петок во Скопје се одржува нов состанок на Мешовитата заедничка комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Пред влегувањето во зградата на Министерството за надворешни работи, копретседавачот на Комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров изјави дека „очекувањата им се како и секогаш“.
-На дневен ред ќе биде тоа што беше и на минатите состаноци. Тоа значи дека нема напредок, рече Димитров пред медиумите.
Тој е оптимист за понатамошната работа на Комисијата.
-Инцидентите со клубовите влијаат на односите меѓу земјите, но не и на работата на Комисијата. Тоа е брутален чин на омраза, нема како поинаку да се коментира, изјави копретседавачот на Историската комисија за последните напади на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Денеска се одржува 21-от состанок на Мешовитата историска комисија.