Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров смета дека во Софија има придвижување околу решавање на билатералните прашања, бидејќи земјата е блиску до исполнување на своите првични позиции со францускиот предлог.
-Тоа што е клучно од изјавата на францускиот министер Бон и што првпат доаѓа од земја-членка е во судир на молкот и тезите на македонската влада кои што велат дека ова била интерна работа на ЕУ и дека ние допрва чекаме. Бон јасно кажа дека имало консултации со Скопје и Софија. Играњето со јавноста е несериозно. Како тоа уште го чекаме предлогот – како да се работи за преговарачка рамка за Бурунди. Очигледно нашите институции биле вклучени во комуникација со француското претседателство во креирањето на овој предлог, рече Димитров во емисијата „Топ тема“.