Не би рекол дека извештаите од ЕК се декларативни. Ако беше негативен, ќе имаше внимание и проблеми, вели вицепремиерот за економски прашања, Никола Димитров во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Според него, нема друга земја со повеќе позитивни извештаи од нас.
-Првиот беше во 2009 година, а имаме повеќе од 10. Логично е дека кога имате толку извештаи, а не акција, тогаш луѓето немаат доверба. Ова е проблем за кредибилитетот на ЕУ, се губи довербата во регионов, смета Димитров.
Тој укажува дека тоа што го пренесувале дома биле зборови на ЕУ.
-Тоа е така затоа што ЕУ не исполнува кон нас, и ние не можеме да исполниме кон граѓаните. Ние ги исполнивме критериумите. Поподготвени сме од други земји, потенцира Димитров и додава дека не треба да ја критикуваме целата ЕУ, бидејќи има земји кои отворено ни даваат поддршка, како што е Холандија.