Бугарија мора да го прифати правото на самоопределување на македонскиот народ. Така ќе го решиме проблемот, изјави денеска поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Тој во гостувањето на емисијата „Студио 10“ дека само ако се фокусираме на она што пишува во уставните амандмани, ништо нема да решиме.
-Крајно неодговорно е да веруваме во изјавите на европските политичари дека ова е последна пречка. Но, не може никој ништо да вети во името на Бугарија. Нашиот народ заслужи, по сите овие тешкотии, разбирање, рече Димитров.
Во хрватскиот устав, вели Димитров, ниедно од наведените малцинства во уставот не ги загрозува Хрватите и нивното постоење. Тој смета дека е многу важно од нашите сограѓани Албанци да бидат солидарни со Македонците по ова прашање.