Димитров од Солун: Граѓаните на Балканот зборот „европски“ го поврзуваат со одредени вредности

од Nikola Popovski
114 прегледи

Политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа, изјавил вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на специјална дискусија вчера во Солун, заедно со високи претставници од регионот и ЕУ, на кој било разговарано за придонесот на Западниот Балкан кон Конференцијата за иднината на Европа.

Тој нагласил дека пристапниот процес е најдобрата алатка за европеизација на регионот, бидејќи граѓаните на Балканот зборот „европски“ го поврзуваат со одредени вредности кон кои нашите општества се стремат.

-Се соочуваме со различни предизвици кои имаат глобална природа и чие справување налага заеднички одговор. Поврзаноста на Западниот Балкан со ЕУ не е само географска, овој регион има посебна важност кога станува збор за стабилноста на Европа така што пристапување на регионот не може да се третира како засебно прашање. Навистина е потребен конкретен исчекор, настрана сите дадени ветувања и зборови содржани во различни стратегии и изјави. Иднината на Европа им припаѓа на младите и наша задача е тоа да го исполниме што е можно побрзо бидејќи изгубивме многу време, рече Димитров.

На прес-конференцијата по дебатата, Димитров посочи дека е неопходно да се обнови кредибилитетот на ветувањето за европска иднина на Балканот, дадено токму во Солун пред 18 години.

Слични содржини