Димитров: Партиите да ги тргнеме далеку од кадровски решенија во училиштата

од Nikola Popovski
197 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров упати критика до образовниот систем во земјава, на првиот училишен ден.

-Како успеавме, за три децении самостојна држава, да стигнеме до ова дереџе? Па на Писа тестовите за квалитет на образованието (читање, математика и научна писменост) да бидеме речиси на европското дно? Веројатно има многу фактори, но една работа посебно ми боде очи. Партизација на училишта, учители и наставници вработени преку партиски списоци. Да знаете дека најголемиот проблем на Македонија денес е клиентелизмот – бидејќи го еродира и распаѓа целиот систем, објави Димитров.

Според него, потребно е да се пресликаат образовните модели од дел од европските земји.

-Патот напред е да пресликаме успешни модели од Естонија или Финска, Словенија … а партиите да ги тргнеме далеку од кадровски решенија по школи, напиша Димитров на социјалните мрежи.

Слични содржини