Димитров: Поимот нација не е врзан со ДНК, туку со историскиот процес

Фокусот на македонската јавност е врзан со преговорите за јазикот и идентитетот на Северна Македонија од една и Бугарија од друга страна. Имено, покрај останатото, вицепремиерот за надворешни работи, Никола Димитров, посочи  дека во текот на разговорите, бугарските власти имале навредувачки тонови кон македонскиот народ, на коишто Димитров морал да реагира.

„Не постојат природни нации на светот, затоа што поимот нација не е врзан со крвта и со ДНК, туку е врзан со еден историски процес што создава чувства на заедништво, поврзан со јазик, со култура. Сите нации се општествени конструкции, сите до една во светот се општествени конструкции…Имаше еден таков испад во еден од овие разговори и јас токму тоа го укажав „дека ова е навредливо за мојот народ.“ Не може да се каже таканаречен, измислен, дека е тоа навредливо, дека тоа не е добрососедски чин, и дека не е инвестиција во добрососедство“- изјави Димитров во своето гостување на Топ Тема вечерва.

 

Слични содржини