Димитров предлага по 2000 денари за најзагрозените отколку да се замрзнува цената на производите

од Nikola Popovski
156 прегледи

Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров не се согласува со владината одлука за замрзнување на цените на дел од основните прехранбени производи. Според него, Владата не може неограничено долго да ги замрзне цени.

Тој има решение, кое како што тврди, е подобро на долг рок.

-Некој ќе праша: ја намаливте цената на лебот, но не лековите, а што со струјата…Ако така тргнеме ќе се вратиме во социјализам. Државата не може се да контролира. На краток рок ова е добро решение, но на долг рок за Владата е побезбелно решение да им исплати по 2.000 денари на загрозените категории на граѓани, оние со најниски примања и социјалните случаи, тоа помалку ќе ја кошта отколку вака да се расправа со цело стопанство, изјави синоќа Димитров во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини