Димитров: Прифаќам “тегнење за уши” – од јавноста!

од Берта Китинска
164 прегледи

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров вели дека е подготвен да прифати сослушување, затворено, јавно со цел да се „отворат сите карти како што личи во една демократија“ во врска со преговорите со Бугарија.

-Веднаш да одговорам – прифаќам сослушување, затворено, јавно уште подобро, какво било и отворање на сите карти како што личи во една демократија.Па да видиме кој за што се борел, кој какви позиции застапувал, кој солирал и како солирал – во или надвор од македонските линии и на крај на денот – дали јас навистина сум почнал да зборувам откако не сум во Владата, или не сум во Владата поради мојот став.Притоа, едно е да се бориш за своите позиции во рамките на државните координации, но друго е откако линиите се веќе утврдени, надвор да даваш поинакви сигнали или застапувања, пишува Димитров на својот Фејсбук профил во врска со текстот на новинарот Бранко Героски во кој се наведува дека се немам јасна претстава под чие влијание Заев го водел процесот и колку во неговите комбинаторики биле а инволвирани министрите Бујар Османи, Никола Димитров и Бојан Маричиќ.

-И еве, за да не биде дека ви правам филмчиња, да ја цитирам таа клучна реченица од тој извештајот од втората половина на 2021 година.„Кога Стоев зборува со Османи, сѐ е во ред. Но кога тој ќе се врати во Скопје, се слушаат различни (други) позиции од премиерот Заев или од Н. Димитров.“Многу симптоматично, нели?Можно ли е во тој многу важен период, во втората половина на 2021 година, а можеби и пред тоа, Заев, Османи и Димитров со софиските политичари и дипломати да ја играле муртинската верзија на играта „добар и лош полицаец“?…Само оваа реченица од документот отвора дузина обеспокојувачки дилеми, после кои се наметнува и клучното прашање – што ако и денес, кога разговараат Османи и Генчовска, пак „сѐ е во ред“ и што ако позициите во Скопје се менуваат (ако се менуваат) кога мора да проговорат Ковачевски и Пендаровски? За кои, се разбира, не сме ни сигурни дека имаат единствени ставови за најважните прашања, како што би морало да биде, пишува Героски.

Слични содржини