Димитров: Рама се покажува како највешт лидер во регинот

од Nikola Popovski
564 прегледи

Поранешниот министер и коосновач на „Солуција“, Никола Димитров смета дека „ако претходниот режим под раководство на Груевски мавташе со македонско знаме за да ја скрие корупцијата и заробените институции, сега сме во ситуација да имаме влада која мавта со европското знаме и ги прави истите работи“.

-Дома работите не се добри и нема да се сменат сами од себе ако не грмне граѓанскиот глас. Многу тажна ни е политичката сцена која главно се сведува на навреди и спинувања, дебатата не е вистинска. Одиме од лошо кон полошо. Со еден романски експерт за борба против корупција зборував и тој вели дека кај нив најголемите успеси во ова поле е кога народот притискаше, кога за граѓанството корупцијата беше најголем проблем. Логична е апатијата бидејќи имаме изневерена надеж и многу тешко доверба кон било која институција. Ако нема притисок и протести за добри каузи и добро владеење…, вели Димитров во емисијата „Студио 10“.

Како што истакнува Димитров, и опозицијата вели дека се за ЕУ.

-Бевме во подобра реформска кондиција во 2019 година, кога пред се заради Франција, не успеавме да ги почнеме преговорите. Ќе видиме каков ќе биде извештајот во ноември, но ако судиме по минатиот извештај на ЕК, Албанија има оценка 1,6% подготвеност по сите поглавја, Македонија и Србија имаат 2, а Црна Гора има 2,1%. Ќе видиме каков ќе биде сега извештајот. Во однос на атмосферата и како се гледа во регионот, Еди Рама се покажува како највешт лидер и Албанија во моментов дава извесна надеж, оценува поранешниот вицепремиер.

Слични содржини