Димитров се подготвува да се врати на политичката сцена

од Nikola Popovski
155 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров сериозно размислува да се врати на политичката сцена. Тој беше запрашан дали ќе формира ново движење или партија, со што директно би учествувал на следните парламентарни избори.

-Јас долго време јавно зборувам дека не сум престанал да бидам активен. Не сум бил никогаш член на партија. Сум работел со сите и со сите сум се разишол. Мислам дека тоа е здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и не се оди по вистинскиот пат, многу е здраво да се држи до своето убедување отколку да вика магарето лета. Јас во блиска иднина ќе ѝ обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Можам да кажам дека имаме проблем и дека работите не ни се добри и дека тој проблем нема да ни го реши никој друг, рече Димитров во емсисијата „10 минути“.

-Сакаме да го смениме системот. За неколку недели ќе зборувам повеќе, додаде поранешниот функционер.

Слични содржини