239
Министер за надворешни работи Никола Димитров во Атина оствари средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас.
-Разговаравме за добрите билатерални односи и можноста да ја исполниме новата страница на пријателство со конкретни проекти од заеднички интерес. Зборувавме и за нашата ЕУ иднина, актуелните прашања во регионот и во светот, со акцент на пандемијата и како да се справиме со предизвиците со кои сите се соочуваме, напиша Димитров на својот Фејсбук профил.