Димитров: „Со сила нема убавина“, не може да имаме напредок во преговорите кога се уценува

од Берта Китинска

„Големиот проблем за напредок во разговорите околу историјата и другите теми  е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ и другите балкански народи имаат една изрека,која вели  ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Мора да има почит и чуствителност на блискот.Не може да имаме блискост и напредок кога се уценува“, вели Димитров.

Тој вели дека атмосферата е нарушена поради тоа што Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот, кој предвидува таа да ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира.

Слични содржини