243
Секој политичар си носи свои политики, со Заев ја искачивме големата планина со Преспанскиот договор, вели во Утрински Брифинг вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
-Како земја сме пред раскрсница, ќе направиме сѐ што можеме да дојдеме до достоинствен излез од оваа мака што има потенцијал да ја смени атмосферата во целиот регион, но за жал не исклучувам и негативно решение, вели Димитров во врска со почетокот на преговорите со ЕУ.