Димитров: Според Договорот за добрососедство, одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна

од Nikola Popovski

Во Договорот за добрососедство и пријателство, одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. И во тоа смисла нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. вели вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во интервју за РСЕ.

Според него, во Македонија „нема ниту еден случај на говор на омраза од државни институции или од официјален претставник на земјата кон Бугарија и бугарски граѓаните“.

-Многу е битно да знаеме дали ако најдеме разбирање, со оглед на датумот на изборите, и претседателски и парламентарни кај соседите во Бугарија, дали техничката влада може да испорача зелено светло, усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, тоа е клучно, смета Димитров.

 

Слични содржини