Димитров: Станува се потешко да им зборувам на луѓето за евроинтеграциите

од Берта Китинска
143 прегледи

Како вицепремиер станува се потешко да им зборувам на луѓето, на граѓаните дека ова е можно, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел на Првиот економски форум Скопје во однос на блокадата на С.Македонија од страна на Бугарија.

– Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за европерспективите на регионот дадено во Солун. Ова е проблем на ЕУ и оваа блокада не се однесува само за иднината на С. Македонија туку и на иднината на ЕУ во Западен Балкан Ветувањето што Европа го даде на Балканот се случи во Солун во 2003 г, беше потврдено во Софија на самитот на ЕУ за Западен Балкан и годинава во Љубљана. Овој регион е опкружен со земји кои економски, политички, историски и кулурно припаѓаат на Европа и навистина е важно да видиме конкретни одлуки и движења во поддршка на остварување на ветувањето дадено во Солун. Немаме алтернатиовно решение освен да станеме функционална европска демократија која што е проследена со економски просперитет. Ќе продолжиме со реформите бидејќи ги правиме за нас, но процесот на пристапување ќе ни помогне да го направиме тоа подобро. Без разлика дали ќе почнеме со пристапните прегооври нашиот пат е јасен – ќе работиме кон градење на европска демократија, рече Димитров коментирајќи го неуспехот на  ЕУ вчера повторно да испорача почеток на преговори за С Македонија и Албанија и колку е можно годинава земјата да почне преговори.