Димитров: Тешка ни е ситуацијата, блокадата не е само кон нас туку и кон ЕУ

од Берта Китинска
506 прегледи

Тешка ни е ситуацијата мали се надежите дека во декември ќе се направи нешто. Оваа блокада не е само кон нас туку и кон ЕУ. Таа блокада сакале или не е и блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, вели во Утрински Брифинг, потпретседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров.

-Мислам дека мора да бидеме искрени, во последниве години беа отворени пет прашања, па уште едно, па пописот…Мора да се седне да се разговара. Лидерство е потребно од двете страни и да најдеме разумни решенија. Ова стана европски проблем затоа што Софија го одведе до Брисел. Да почекаме да видиме кој ќе биде соговорникот со новата бугарска влада. Мора да бидеме поодговорни кон себе и да немаме преголеми очекувања секој декември и секој јуни, вели Димитров.

Заев се повлекува од лидерската позиција, па интересно е да се слушнат пораките од Европа и дали има свест дека рушат прогресивни сили.

-За жал, за овој исход удел има и Европа, а под тоа мислам на Бугарија. Потребно е и ние да сработиме уште повеќе, да продолжат проевропските и проатлантските политика. Но, таму не до крај разбираат зошто ставивме равенство меѓу локални извори и влада. Постои загриженост дали тука ќе се задржи компасот, вели Димитров.

-Политиката ја гледам дека ни требаат малку повеќе идеали и принципи. Народот треба да се слуша и послуша, заклучува Димитров.

Слични содржини