Александар Николовски е политичарот кој од среде Собрание, за проектот Скопје 2014, со цел ум рече: “Ние сега првпат градиме македонски идентитет …”., напиша МНР Никола Димитров во својата реакција по изјавата на Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Деновиве, со тактика на политички “лешинар”, небаре се радува и едвај чека да има лоши вести, токму истиот тој Николовски е повторно гласен во врска со Изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март.Се разбира, можно е Николовски толку и да разбира како функционира светот на дипломатијата, па да не знае дека во случајов станува збор за стриктно унилатерална толкувачка изјава што ги отсликува позициите на една земја членка на ЕУ – Бугарија, во која впрочем е јасно наведено дека тоа е видување на Бугарија (на на ЕУ!). Документ што самата Европска унија не го објави во пакетот со заклучоците“, вели Димитров.
Притоа, оваа изјава нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија“, вели тој.
Александар Николоски е политичарот кој од среде Собрание, за проектот Скопје 2014, со цел ум рече: “Ние сега првпат…
Публикувахте от Nikola Dimitrov в Четвъртък, 23 април 2020 г.