Договорот од Преспа е политика, можеш да се согласувате со таа политика или не. Го реши најтешкото прашање од независноста и не’ внесе во НАТО. Го потврди нашето право на самоопределување, како Македонци кои зборуваат македонски јазик, пишува поранешниот МНР Никола Димитров во преписка на социјалната мрежа Фејсбук.
„Можете да се согласувате или не со моите политики или ставови, но јас сум човек што влегол и излегол од политика без ниту едно сомневање, кривична пријава за криминал или судски процес против мене. Тоа се фактите.
За политиките имате легитимно право да не се согласувате, ама за корупција мене не можете да ми зборувате. Ниту за партизација, бидејќи во Министерството каде служев внесов токму професионализација, намалувајќи го влијанието на партиите и при нови кадри и при избор на амбасадори“, порача Димитров, кој претходно ја постави „дефиницијата“ за клептократија.
Тој не посочи конкретни имиња на кои е наменета таа, но додаде дека ги следи ДКСК, ДЗР и истражувачките новинари „кои постојано отвораат случаи за кои нема разврска“.
-Доволно е да се следат. Имињата и индициите се таму, додаде Димитров.