Денес (петок, 19 ноември 2021г.) со почеток во 9:45 часот во Мадрид, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе биде говорник на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширување на ЕУ.
Преку учеството на вицепремиерот Димитров заедно со државниот секретар за ЕУ на Шпанија и претставникот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, како и високи претставници за европски и надворешни работи од регионот, ќе биде дискутирана европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата.
Настанот е во организација на Кралскиот институт Елкано, Бледскиот стратешки форум, Амбасадата на Словенија во Шпанија и Фондацијата „Карлос де Амберес“ при што предвидена е и сесија на истакнати академски експерти од областа.