399
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, од Виена ја почнува турнејата во главните градови низ ЕУ
Посетата е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров на главни градови на ЕУ земји членки, а во контекст на изразените австриски заложби за интензивирање на процесот на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, како и ангажманот на Австрија во справувањето со КОВИД-19 пандемијата и обезбедувањето помош врз основа на принципот на солидарност.
На средбите со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг и министерката за Европа и Устав , Каролине Едштадлер Димитров ќе зборува и за поддрпката која ја дава Австрија во однос на европските реформи кои треба земјава да ги спроведе.