Димитров во Софија на средби со Радев и Захариева

од Vlatko K
128 прегледи

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојува во официјална посета на Бугарија, на покана на неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.

Мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како и можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес ќе бидат разменети на средбата на Димитров и Захариева, соопшти МНР.

Димитров е предвидено за време на посетата да биде примен и од бугарскиот претседател Румен Радев.