Димитров: Вториот ден без мене, пристапот и суштината се смени во „салама“ тактика

од Берта Китинска
240 прегледи

Вчера сами јавно признаа дека го смениле пристапот и стратегијата кон Бугарија, што прво ги урива хистеричните напади за мене и тврдењата дека сме немале внатре разлики, а второ го разобличува и обидот за евтин спин дека нешто Софија отстапила, пишува на својот Фејсбук профил Никола Димитров – поранешен вицепремиер и министер за надворешни работи.

„Додека бев внатре го држев другиот пристап – ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања – како што јавно кажа мојот наследник вчера.

Вториот ден без мене надвор пристапот и суштината се смени во „салама“ тактика.

Велат дека сега со новиот пристап сме имале резултати веднаш – Софија “прифатила” да го користи краткото име, нешто што само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање.

За ова неосновано барање да биде прифатено ние пративме нота до ОН што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи било каква отстапка.
Сега ова биле резултатите со новиот пристап…

Да се разбереме, никој никогаш не спорел дека ваков пристап би дал резултати – АМА во корист на другата страна.

Ако овој нов пристап се развива и кулминира, никој не спори и дека решение е можно, претпоставувате какво“, посочува Димитров.

Слични содржини