Димитров за Делчев: Ако од некаде не гледа, ова нема да го прави многу среќен

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров за емисијата 360 Степени изјави дека Гоце Делчев не би бил среќен доколку го видел Меморандумот на Бугарија упатен до земјите-членки на ЕУ пред почетокот на преговорите со Македонија.

„Јас мислам Гоце Делчев ако од некаде не гледа, ова нема да го прави многу среќен. Бидејќи тоа е херој што животот го посветил и го дал за оваа кауза, којшто е многу важен и за нив и за нас, којшто меѓу другото, во однос на тоа како ја креирал политиката во револуционерното движење, него треба да го гледаме низ неговите писма и други изјаснувања, таму веќе се чувствува една тенденција дека ова е наша битка. Тој го чува тоа дело и битката од влијанијата од страна и тоа се чувствува. Што ние ќе правиме сега што ќе влијае врз иднината ќе покаже како кон нас ќе гледа историјата“, вели Димтров.

Тој тврди дека идентитетските прашања се наша работа и дека тие се затворени.

„За хероите од минатото којшто се значајни и за Бугарија, мислам дека ние ќе растеме и ќе бидеме со поголема самодоверба како народ ако можеме секој од нас, од ученик, па студент, па граѓанин, да може и сите оригинални текстови напишани од Гоце Делчев да ги прочитаме со отворени очи. Мислам дека тоа нас ќе не направи и посилни и позрели. И во таа смисла многу пароли за ова не помагаат. Истовремено, тоа е човек којшто, интересно, географски е роден на територија на денешна Грција. Мислам дека треба малку освен дискусијата што бил Делчев, а за тоа треба да гледаме низ тоа што самиот кажувал… бидејќи самоопределувањето е важно не само за живата генерација, туку и за хероите од минатото… малку да видиме какво му е делото“, рече вицепремиерот и додаде дека доколку Делчев е е жив и ја слуша денешнава дебата нема да му се верува на кое дереџе сме во оваа дискусија.

Слични содржини