Димитров за Димитровска: ДКСК беше синоним за надеж, интегритет, светла точка…

од Nikola Popovski
654 прегледи

Екс-министерот и актуелен претседателот на невладината „Солуција“, Никола Димитров ги коментираше вчерашните случувања и фактот што претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска се под лупа на истражителите заедно со уште две осомничени лица за случајот „Адитив“. Според Димитров, ова го потсетило „колку е точно кога велиме дека институциите се луѓето“.

-Луѓето кои раководат и работат во нив. ДКСК беше синоним за надеж, интегритет, светла точка и остров на интегритет. Затоа, ако сакаме функционални институции, мора да туркаме напред личности со висок интегритет, способности, искуство и квалификации. Но, пред сѐ личности со висок интегритет. Оти, како што мудро вели еден поранешен сенатор: „Ако имаш интегритет ништо друго не е важно. Ако немаш интегритет ништо друго не е важно“, стои во објавата на Димитров.

Првата антикорупционерка остана без пасош, затоа што по исказот во скопска единица, судија на претходна постапка го прифати барањето на Обвинителството да го обезбеди нејзиното присуство за време на истрагата.

Досега за овој случај е поднесено обвинение за 31 лице, меѓу кои и екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство. Обвинителството ја процени штетата врз државниот Буџет на 6,5 милиони евра. Станува збор за тендерски злоупотреби, каде адитивите што се купувале се плаќале три пати поскапо.

Слични содржини