Димитров за новото бугарско вето: Горчливо е чувството, но не зависи од нас

од Nikola Popovski
224 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров вели дека е горчливо чувството после новото бугарско вето.

-Не е лесно после се што поминавме како земја во изминатиот период. Јас кога ја прочитав изјавата на Бугарија во средата како реакција на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ, дури и решив ден-два да не излегувам по медиуми за да ги намалам емоциите. Ние сме како актерот Бил Мареј во филмот „Денот на мрмотот“. Приказната оди така што се буди во ист ден постојано и никако да дојде утре. Конечно кога ќе се погодат сите околности на крајот, тој се буди во нов ден. Неколку години сме заглавени со историските прашања и тоа влијае на целиот регион. Никој повеќе не се возбудува од заклучоците на ЕУ, потенцира Димитров во гостувањето на емисијата „Студио 10“.

Тој смета дека треба повеќе да веруваме во себеси и судбината да ја земеме во свои раце.

-Ние можеме да зборуваме и да убедуваме, но тоа што не зависи од нас, мислам дека нема логика да се нервираме околу таа работа, истакнува Димитров.

Слични содржини