395
Заменик-претседателот на Владата, Никола Димитров на прашањето на „Локално“ како ја коментира честитка за 8. март со карта на голема Бугарија која ја објави министерот за одбрана Красимир Каракачанов, вели дека се работи за предизборен фолклор.
-Во искушение сум бидејќи на некој начин е очигледно дека се работи за предизборен фолклор и колку поголема реакција предизвика оваа објава кај нас толку поголем ефект има кај нив .Меѓутоа принципиелно и со умерени зборови ќе кажам дека со оние кои сакаме да имаме добрососедски односи важно е да сме внимателни во она што го кажуваме и објавуваме на социјалните мрежи и треба да избегнуваме објави во кои има територијални претензии,изјави Димиртов.