Димитров за руско-украинската криза: Евентуална ескалација може многу да влијае на животите

од Берта Китинска
208 прегледи

Евентуална ескалација може многу да влијае на животите. Проблемот не е нов, но нова е тенденцијата да се влоши состојбата. Поголемиот дел од Доњецк и Луганс се уште ги контролира Украина, вели екс-министер за надворешни работи Никола Димитров во Студио 10.

-Имавме јавно соопштување на Бајден дека очекуваат во наредните неколку денови војна. Сега се случува едно ново ниво на санкции против Русија. Таму пак се негува наратив дека населението од овие региони е пред закана. Путин ја нарече Украина вештачка творба и рече дека се врши геноцид на руското население во овие региони. Вчера Киев најави дека ја активира резервната сила. Двете се големи држави, па треба да сме загрижени, не се знае што ќе се случува понатаму. Дали руската војска ќе застане на контролираните територии или дури ќе оди кон Киев. Санкциите ќе имаат влијание, мислам дека е важен елемент и енергетската криза, смета Димитров.

Слични содржини