Димитров за ветото: Мислам дека треба да ја избегнеме замката да паднеме во очај

од Vladimir Zorba
198 прегледи

„Нема од што да бегаме, стоиме на кристално чист принцип. Немаме од што да се срамиме, нема од што да бегаме, ќе продолжиме да разговараме. И ќе продолжиме да ја убедуваме другата страна, соседна Бугарија, дека ова меѓу другото не е добро ни за процесот што го почнавме. Ние почнавме процес на зближување, тој создаде една позитивна атмосфера. Ова не е во прилог на таква атмосфера, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, по полагањето цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Тој додаде дека процесот ќе зависи и од нив, ќе зависи и од динамиката таму како ќе биде таму.

– Меѓутоа, фокусот националната енергија како држава мора да биде во домашната реформска агенда за да не изгубиме време, за да бидеме во реформска кондиција тогаш кога ЕУ ќе најде сили сите земји членки да бидат на линија на сопствените вредности и одлуки, рече Димитров.

Тој оцени дека ова е голем удар за европската политика кон Балканот. Прво, појасни, бидејќи во март одлуката за почеток на пристапните преговори во македонскиот случај беше безусловен и второ, подвлече, од сите страни имаше гласови дека ние ја завршивме нашата работа и треба да почнеме пристапни преговори.

– Мислам дека треба да ја избегнеме замката да паднеме во очај или да влеземе во некакво ново чекање. За да не стане ова и наш пораз мора да го искористиме ова време да си работиме. Има многу добра волја токму заради драстичноста на случајот во многу земји членки – изјави Димитров.

Слични содржини