Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија

од Nikola Popovski
15 прегледи

Довчерашната прва антикорупционерка, Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, кое досега и беше во мирување.

Ќе му помага на главниот државен ревизор. Барањето е веќе поднесено.

Собранието ја констатираше нејзината оставка во Државната комисија за спречување на корупцијата, поттикната од поднесеното обвинение за оддавање службена тајна и за незаконско стекнување со безбедносен сертификат, откако се откри дека колега – ревизор полагал во нејзино име.

Истрагата против неа започна во април, по анализата на телефонската комуникација на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во случајот „Адитив“. Според обвинението, Димитровска, преку апликациите Вибер и Ватсап, му давала на Стојановиќ доверливи податоци за поведени постапки, отворање предмети против правни и физички лица, службени белешки, како и информации за проверка на имотната состојба на обвинетиот и неговото семејство.

Слични содржини