Димитровска за Ристовска: Предметот за Христовски ѝ бил распределен електронски, бараше да биде изземена

од Nikola Popovski
679 прегледи

Во ДКСК спроведовме постапка дали членот има судир на интерес во постапување и одлучување на овој предмет. Цвета Ристовска поднесе барање за изземање од постапката во моменти кога пристигна претставката со наводите за сомневања за валидноста на дипломатата од Универзитетот Скопје. Колегиумот, односно мнозинство на членови одлучи оваа одлука да не ја прифати од следниве факти: универзитетот не е предмет на постапување во постапката односно предметот е дали директорот на АНБ ги исполнува условите да биде директор, Ристовска немала склучено договор за финансиски надомест со универзитетот – нејзиниот ангажман бил по основ на гостин предавач и таквото учество нема обврска да го исполни ниту во една институција. Таа никогаш не била дел од наставниот кадар, ниту има звање професор, ниту асистент, изјави претседателката на Антикорупциската, Татјана Димитровска за Цвета Ристовска и предметот со дипломата на Бојан Христовски.

Како што истакна, Ристовска по електронски пат ѝ бил распределен случајот со универзитетската диплома на директорот на АНБ.

Ова следува по прашањето што се наметна деновиве – дали има конфликт на интерес кај Ристовска затоа што таа имала ангажман на Универзитетот за туризам и менаџмент „Скопје“, од каде што е и дипломата на Христовски.

Во вестите на Тв Сител, Димитровска уште еднаш истакна дека барањето за изземање за предметот било согласно законските прописи и биле претставени сите причини, а истото може да се забележи од биографијата на Ристовска.

-Универзитетот не е предмет на постапка, туку именувањето на директорот на АНБ. Бидејќи немаме никакво влијание врз независноста на постапувањето на Државниот просветен инспекторат. Постапуваме независно и не сакаме да дозволиме изземање од постапување во предметите. Не смееме да дозволиме мешање во работењето на други институции, рече претседателката на ДКСК.

Слични содржини