298
Без оглед како и да се интерпретира тој т.н. „успех“ на Бугарија во ЕУ, сметам дека е во проблематична позиција во контекст на ЕУ и САД, кој што влијаат во регионот, вели заменик министер во Министерство за локална самоуправа, Зоран Димитровски за емисијата „Само вистина“.
Според него, ставањето на вето е еден чин на употреба на некакво нуклеарно оружје, како што беше минатиот пат.
„Сега Бугарија го има изговорот дека во прашање е техничка влада и изборен период кој што ќе се одолговлечува. Кај нас таа драматика ја нема. Го очекувавме ветото. Ставот на Бугарија е штом вие се откажавте од еден дел од историјата со Преспанскиот, можете да се откажете и од друг дел од историјата“, смета Димитровски.