Димитровски: Ќе инсистираме да се усвојат предлозите за една изборна единица и отворени изборни лист

од Берта Китинска
363 прегледи

Подолго време партиите имаат во програма за една изборна единица, ние како помали партии сакавме да извршиме притисок, во првите 3 месеци сакавме тоа да се реализира, вели Зоран Димитровски, генерален секретар на Демократски сојуз во Студио 10 на ТВ24.

Тој додаде дека денеска треба да расправа парламентарна група за сите промени во изборното законодавство.

-Во овој процес ќе инсистираме да се усвојат предлозите за една изборна единица и отворени изборни листи, рече Димитровски.

Со сличен став е и лидерката на  ДОМ.

-Никако да успееме да дојдеме до реализација на промените, за една изборна единица и отворени изборни листи. Дебатата се отвори во јавноста, анкетите покажуваат дека околу 50% од испитаниците го поддржале овој предлог за изборниот модел. Целта е демократизација на општеството и поголема одговорност на пратениците и советниците. И тогаш беа поделени мислењата за изборниот законик, во последно време пораките покажуваат дека има доближување на ставовите. Добро е што и ние како помали партии сме повикани. Договарањата се носеа меѓу четирите најголеми партии, очекувам дебатата да се пренесе во Собранието. Сега е вистински момент да се направат промени во Изборниот законик, вели  Морачанин.

Слични содржини