Треба да се биде наивен и да се верува дека францускиот предлог не бил усогласен со државниот врв на Македонија и Бугарија, пред да биде пуштен во процедура. Тимови работеле од двете страни, иако на крајот добивме предлог кој 90% ѝ одговара на бугарската страна. Во контекст на паѓањето на владата на Петков, гледам нема голема загриженост кај него. Ништо страшно, ќе се обидеме да направиме друга влада, рече Петков, изјави заменик-министерот за локална самоуправа и генерален секретар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски.
Според него, партијата ГЕРБ на Бојко Борисов има висок рејтинг и ќе сака да оди на предвремени избори.
-Ја следев пратеничката од ГЕРБ, која излезе со подготвен материјал во врска со Македонија и кажа дека владата на Борисов го вклучи Договорот за добрососедство, сите напори во ЕУ за проширувањето ги правеше владата и сега со давањето 59 пратеници дека ќе го затвори процесот, што одговара на бугарските национални интереси. Не знам зошто ние треба да разговараме, ако добивме француски предлог кој е направен за да помине во Брисел. Сакам само да го охрабрам нашиот премиер кога ќе оди во Брисел, да покаже храброст и да го отфрли предлогот, оти е против нашите национални интереси. Се надевам ќе опстои на денешните негови тези, додаде Димитровски во емисијата „Топ тема“.